Курсевите по англиски јазик се изведуваат по New English file – програма. Истите се по поделени во нивоа и тоа – елементарно ниво 1 и 2, пред-средно ниво 3 и 4 , средно ниво 5 и 6 ,високо средно ниво 7 и 8 , и напредно ниво 1 и 2. Наставата се одвива во мали групи каде максималениот број на слушатели не преминува (6).Елементарните нивоа се изведуваат 2 пати неделно по 60 минути. По успешно завршување на курсот , слушателот добива диплома со која се потврдува неговото знаење стекнато во текот на целата година како и извештај-писмено или усно(граматика, вокабулар , флуентност, изговор)
Наставата по италијански јазик се одвива: два пати неделно, а секој час трае 60 мин. Вкупниот фонд на часови е 32 во текот на еден семестар. Тоа значи дека наставата во еден семастар трае четири месеци т.е. во секој месец се доаѓа осум пати на настава во траење од 60 минути.
Курсевите по италијански јазик се наменети за младинци и возрасни. Кај овие курсеви постојат четири степени. Наставата се реализира во зимскиот и летниот семестар , по Progetto програмата.
Наставата се одвива: 2 пати неделно по 60 мин.
Фонд на часови: 32 по 60 минути во текот на еден семестар (четири месеци; во секој месец 8 пати по 60 мин.)
Возраст: младинци и возрасни
Степени: од 1 до 4
Траење: зимски и летен семестар , по Vamos програма
Број на слушатели: во мали групи максимум 6 слушатели